24фудбал

Роналдо му кажал на судијата: Во Англија никогаш немав вакви проблеми, затоа сакам да се вратам таму!

Медиумите од Шпанија пренесуваат нови детали од изјавата на Кристијано Роналдо пред судот во Мадрид, Португалецот кажал дека размислува за заминување од Мадрид

Шпанија

Во понеделникот, ЦР7 се појави пред суд на стартот од процесот во кој е обвинет за затајување данок од 14.7 милиони евра.

Кристијано Роналдо по првото рочиште соопшти дека никогаш не се обидел да ги прикрие приходите и посочи дека ја користел истата бизнис структура и во Англија, кога беше дел од Манчестер јунајтед, а таму никогаш немал проблем со законот.

Медиумите од Шпанија сега откриваат нови детали од неговата изјава, Португалецот на судијата му порачал дека размислува за враќање на „Островото“.

„Во Англија никогаш немав вакви проблеми, затоа сакам да се вратам таму – му рекол Роналдо на судијата Позуело де Алкарон според СЕР.

„Секогаш си ги плаќав даноците. И во Англија и во Шпанија.

„Не можам да сокријам ништо, смешно е да направам нешто такво. Јас сум отворена книга. Побарајте го моето име на гугл и ќе дознаете се за Кристијано.

„На пример, магазинот Форбс ги открива сите мои приходи.

Роналдо со ваквата изјава само ги потврди шпекулациите од минатиот месец кога на големо се пишуваше дека ЦР7 сака да замине од Мадрид и Шпанија.