24фудбал

И Сантош сака дел од рекордниот трансфер на Нејмар, еве колку бара клубот од Бразил

Поранешниот тим на Нејмар, Сантош му испратил писмо на ПСЖ и побарал дел од рекордниот трансфер на напаѓачот, клубот од Бразил сака 9 милиони евра

Останато

Сантош сака дел од 222 милиони евра кој „Светците“ ги платија за да го добијат Нејмар.

Клубот од Бразил верува дека треба да добе средства на име на тренинг компензации и солидарен фонд, правила кои се пропишани од ФИФА.

Сантош бара 4% од сумата, односно околу 9 милиони евра и веќе му пишал на ПСЖ.

„Светците“ се со став дека не треба ништо да платат зошто не се работи за класичен трансфер туку откуп на клаузулата, но Нејмар ги замолил Шеикот и лидерите на клубот да го искешираат Сантош со цел да не креира нов проблем со неговиот поранешн клуб.

Медиумите од Бразил исто така откриваат дека Сантош бара и 4,5 милиони евра од Барселона.

Како дел од преселбата на Нејмар на Камп Ноу, двата клуба се согласија да одиграат два пријателски натпревари.

Едниот се одигра веднаш, но вториот никогаш не беше договорен.

Сега со Нејмар во ПСЖ, Барса не може да го испочитува договорот, па Сантош бара парична компензација од „Каталонците“.