24фудбал

Карвахал со брутална порака до Де Бургос по погодокот на Асенсио: Ајде свирни уште еден пенал за Барса! (ВИДЕО)

Камерите го уловија десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал како понесен од еуфоријата упатува брутална порака до главниот судија по голот на Марко Асенсио за 1-3

Шпанија

Вчерашното „Ел Класико“ на Камп Ноу не помина без спорни моменти, играчите на Реал Мадрид веруваат дека се оштетени во две ситуации.

Најпрво при пеналот кој го одглуми Луис Суарез, а потоа и при исклучувањето на Кристијано Роналдо.

„Кралевите“ сепак успеаја да слават со 1-3, а при погодокот на Асенсио во 90. минута, еуфоријата го понесе Дани Карвахал па десниот бек на Реал упати брутална порака до главниот судија и му довикна: „Ајде свирни уште еден пенал!“