24фудбал

Реал Мадирд уште еднаш покажа моќ против Барселона и го освои шпанскиот Суперкуп (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја доби и втората пресметка против Барселона од Суперкупот на Шпанија, овој пат победи со 2-0 и со вкупни 5-1 го крена трофејот.

Шпанија

Кралскиот клуб почна фантастично, Асенсио со маестрален погодок уште во четвртата минута донесе водство за Реал Мадрид од 1-0.

Реал Мадрид доминираше, а Барселона изгледаше како да ја загубила моќта од минатите сезони.

На пет минути до крајот на првиот дел, по асистенција од Марсело, Бензема одлично си ја смири топката и постигна гол за 2-0.

И двата тима имаа по неколку шанси за постигнување на гол, Реал Мадрид ја погоди стативата, а пречката беше сојузник на Барселона.

На крајот Реал Мадрид сосема заслужено се радуваше на триумфот, беше подобар и во двата натпревари и покажа дека пред нив е уште една голема сезона.

Барселона очигледно веќе не е онаа од која стравуваа другите, Каталонците ќе мора значително да ја подобрат својата игра ако сакаат да бидат конкурентни за трофејот во Примера.