24фудбал

Конфузија таму каде што не треба, и казна од Милан... (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш ја искористи првата грешка на нашиот вицепрвак.

Македонија

Екипата на Милан поведе со 1-0 со голот на Андре Силва во 13. минута, а голот за водство на домаќините дојде по една грешка во играта на Шкендија, на мошне чувствително место од теренот...

Радески не ја исконтролира топката веднаш до казнениот простор на Шкендија, фудбалерите на Милан веднаш дојдоа до топката и реализираа акција по која дојдоа до водство на мечот во Милано.