24фудбал

Издвојуваме: Транспарентот на Комити, инструкциите на Чеде, битката на теренот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фотогалерија од нeколку интересни моменти како на теренот, така и на трибините од мечот помеѓу Вардар и Фенербахче, во кој нашиот шампион со победа од 2-0 патува на реваншот во Турција во плејофот од квалификациите за Лига Европа.

Македонија

Мечот во Скопје беше мошне интересен, како на теренот, така и на трибините, па решивме да издвоиме неколку интересни моменти кои ги забележа објективот на „24фудбал“.

Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка, и јас без нималку да те навредам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка Македонија, отколку на тебе, која си ме родила“ – стоеше на транспарентот на Комитите.


Дебито на новиот кормилар од клупата на македонскиот првак, Чедомир Јаневски, не можеше да мине со поголем ексклузивитет, од победа против гигант од типот на Фенербахче, а згора на тоа и историска шанса за пласман во групите од едно европско клупско натпреварување, каква што досега немал ниту еден наш претставник во историјата на македонскиот фудбал.


А на теренот се водеше битка, по која триумфираа фудбалерите на нашиот шампион Вардар...



Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)