24фудбал

Мурињо со шокантна изјава по победата од 4-0 над Свонси: Сакам да губиме...

„Црвените ѓаволи“ делуваат моќно на стартот од новата сезона, Манчестер јунајтед попладнево со 4-0 славеше и против Свонси, па Жозе Мурињо сега сака да го види неговиот тим во едно друго светло

Англија

По Вест Хем во воведното коло, попладнево настрада и Свонси, Манчестер јунајтед со 0-4 славеше на гостувањето на Либерти Стадионот.

Жозе Мурињо вели дека ова се должи на самодовербата која ја има неговиот тим, и промената на менталитетот во споредба со минатата сезона.

Но тој исто така на големо изненадување истакна дека сака „Црвените ѓаволи“ да губат со цел да види како неговите избраници ќе реагираат во една таква ситуација.

„Зборот кој подобро објаснува е самодоверба“ - им рече „Специјалниот“ на новинарите на пресот по натпреварот.

„Тимот започна подобро, со самодоверба. Во второто полувреме започнавме со самодоверба“.

„Ќе го кажам ова иако не би сакал да се случи, но сакам да видам како губиме и да видам како ќе реагираме бидејќи сосема поинаква е ситуацијата кога губите и се обидувате да го свртите резултатот“.

„Бидејќи во моментов се ни оди од рака, но не секогаш возите по автопат, понекогаш има тешки патишта или дупки кои се поправаат, па треба да бидете подготвени на се“.

Со осум погодоци на првите два натпревари, Јунајтед го има најдобриот старт во една сезона од 1907 па наваму.