24фудбал

Челси го победи Тотенхем на Вембли, Алонсо херој на сините (ВИДЕО)

Благодарение на два гола на Маркос Алонсо, Челси го победи Тотенхем на негов терен со 2-1 и дојде до првата победа во новата сезона.

Англија

Поради реновирањето на Вајт Харт Лејн, Тотенхем домашните натпревари ги игра на Вембли оваа сезона, но тоа не е најсреќниот стадион за нив.

Денеска го загубија дербито против Челси во кое херој на мечот беше Маркос Алонсо со два постигнати гола.

Шпанскиот бек најпрво постигна прекрасен гол од слободен удар во 24. минута од натпреварот.

Тотенхем се мачеше да дојде до израмнување, тоа конечно успеа да го направи во 82. минута откако Батшуаи си постигна несреќен автогол.

Но само шест минути подоцна Алонсо постигнува нов гол за ново водство на Челси кое овој пат беше и конечен резултат 2-1.

Пред овој меч Хадерсфилд со 1-0 славеше над Њукасл. Утре се игра дуелот помеѓу Манчестер Сити и Евертон.