24фудбал

Бејл трета година по ред го постигнува првиот гол за Реал во Примера, „Кралевите“ се прошетаа во Ла Коруња (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја започна одбраната на титулата со рутинска победа од 0-3 на гостувањето кај Депортиво, но остана без капитенот Серхио Рамос поради црвен картон

Шпанија

„Кралевите“ продолжија онаму каде што застанаа по триумфите во Скопје, Барселона и Мадрид, на стартот од новата сезона во Примера, се прошетаа во Ла Коруња.

Бејл третеа сезона по ред го постигнува првиот гол за Реал во првенството на Шпанија, Велшанецот вечерва го отвори резултатот на Риазор во 20. минута.

Касемиро потоа зголеми на 0-2 во 27. минута, а Крос ја осигура победата во вториот дел.

Единствен проблем за Реал е тоа што капитенот Серхио Рамос доби црвен картон во завршните мигови од средбата.