24фудбал

Наполи славеше и во Франција, Ријека ќе се задоволи со Лига Европа (ВИДЕО)

Познати се првите пет учесници во групната фаза од Лигата на шампионите по денешните реванш натпревари од плејофот, Селтик, Наполи, Севиља, Олимпијакос и Марибор се радуваат.

Лига на Шампиони

Наполи и втор пат со 2-0 ја победи Ница, овој пат на нејзин терен. Каљехон и Инсиње во второто полувреме ги постигнаа погодоците за италијанскиот тим.

Ријека не успеа да го помине Олимпијакос, загуби на свој терен со 1-0 и со вкупни 3-1 доживеа елиминации од Лигата на шампионите. Но хрватскиот тим ќе има европска есен бидејќи оди директно во групната фаза од Лига Европа.

Од фаворитите најмногу се тресеше Севиља која на свој терен одигра нерешено 2-2 со Башакшехир. Доколку турскиот тим постигнеше уште еден погодок, ќе направеше вистинска сензација.

Најефикасно беше во Казакстан каде Астана со 4-3 го победи Селтик кој работата ја заврши уште во Шкотска каде победи со убедливи 5-0.

Во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра и Марибор кој со 1-0 славеше над Хапоел Бер Шева, резултат доволен за место во елитата.

Утре се играат преостанатите пет плејоф натпревари по кои ќе бидат познати сите учесници во Лигата на шампионите.