24фудбал

Кутињо прво беше повреден, сега е настинат, фановите почнуваат да се сомневаат

Фановите на Ливерпул изразија сомнеж на социјалните мрежи за ситуацијата на Филипе Кутињо откако Јирген Клоп истакна дека Бразилецот не е во комбинација поради настинка

Англија

Откако стана јасно дека Барселона ќе тргне по Филипе Кутињо, плејмејкерот беше изоставен од тимот на Ливерпул.

Тој ги пропушти воведните две кола од Премиерлигата, како и првиот дуел со Хофенхајм во плеј-офот од Лигата на шампионите, а официјалното образложение беше дека Филипе Кутињо има повреда на грбот.

Бразилецот нема да биде во комбинација ниту за утрешниот реванш со Хофенхајм на Енфилд бидејќи сега има настинка.

„Фил не може да игра утре бидејќи покрај повредата на грбот има и настинка – рече Јирген Клоп на средбата со новинарите.

„Не е страшно, но нема тренирано долго време. Немам претстава кога ќе се врати. Ќе треба дополнително да провериме.

По новиот изговор, фановите на Ливерпул полека почнуваат да се сомневаат и на социјалните мрежи обвинуваат дека Јирген Клоп не ја кажува целата ситуација.

Тие велат дека понудата од Барселона му го „свртела умот“ на Филипе Кутињо и тој токму поради ова не е во комбинација за настап.