24фудбал

Вардар е вест број еден во Турција, еве како тамошните медиуми известуваат за исходот во Истанбул (ФОТО)

Голем успех за македонскиот првак, турскиот гигант Фенербахче на колена.

Македонија

Македонскиот првак Вардар славеше на гостувањето кај Фенербахче сред Истанбул со 1-2 во реванш пресметката помеѓу овие две екипи во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите од Лига Европа.

Нашиот претставник на домашен терен во Скопје триумфираше со 2-0 претходно, и со тоа го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот клупски фудбал.

Бележиме како турските медиуми пишуваат за исходот од мечот кој се одигра на „Шукру Сарачоглу“ арената.

Голем шок за Фенербахче, авантурата на нашиот претставник во Европа заврши, Вардар славеше со 1-2 сред Истанбул – пишува во објавата „Скор“.

Фенербахче ја затвори европската книга оваа сезона, имаше негатива од 2-0 во првиот меч во Скопје од Вардар, на реваншот загубија со 1-2 на домашен терен и со тоа не успеаа да изборат место во групите од Лига Европа – стои на „НТВСПОР“.

 

Фенербахче – Вардар 1:2 , Вардар славеше победа во реванш мечот од плејоф рундата во квалификациите за пласман во групите од УЕФА Европа Лига – стои во насловот на „Јенишафак“.

 

Македонскиот шампион Вардар успеа да го мине нашиот претставник Фенербахче во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, Фенербахче – Вардар 1-2 на реваншот, во Скопје нашиот тим загуби со 2-0 – пишува националната телевизија „ТРТ“ на својот сајт.