24фудбал

Барса можела да го купи Дембеле за 1,5 милиони евра!

Медимите од Шпанија пренесуваат интересна сторија поврзана со Барселона и Осман Дембеле, „Каталонците“ можеле да го купат играчот за 100 пати пома сума од онаа која ја платија сега

Шпанија

Осман Дембеле е главната ѕвезда на Барса во летниот преоден рок, по трансферот на Нејмар во ПСЖ, младиот Французин стана најскапото засилување во историјата на „Каталонците“.

За неговите услуги, клубот од Камп Ноу плати 105 милиони евра, а се обврза да исплати и уште 42 милиони евра во бонуси.

Медиумите од Шпанија сега откриваат дека играчот бил на радарот на Барса уште од 2013, и во 2014 тој можел да биде купен за само 1,5 милиони евра.

Во октомври 2013, репрезентацијата на Фрација до 17 години играла квалификациски натпревар против Израел за Европско првенство, средбата завршила 2-2 а Осман Дембеле бил двоен стрелец за „Триколорите“.

Агентот, Хаиме Сегура, кој имал добри односи со Барселона бил импресиониран од она што го видел па испратил извештај до Нарсис Хулија, кој во тоа време бил координатор на Камп Ноу, и заедно со Алберт Валентин биле задолжени за Барса Б и младинските тимови.

Во извештајот се велело дека Осман Дембеле бил дел од вториот тим на Рен и можел да замине за 1,5 милиони евра, а доколку Барса сакала да притисне ќе го добиела и за помалку, неговиот договор бил проблематичен бидејќи недостасувале потписите на родителите.

Нарсис Хулијан го анализирал извештајот и ветил дека добро ќе размисли за можноста Осман Дембеле во 2014 да се пресели во резервниот тим на Барса, но потоа клубот се насочил кон други играчи а во 2015 се били прекинато откако ФИФА ја казни Барселона за трансфери на малолетни играчи.

Во 2016, техничкиот секретар Пеп Сегура одново го отворил досието Осман Дембеле, остварил контакт со поранешниот играч на Барселона, Тео Шендри и побарал број од Осман Дембеле.

Тој се обиде да го донесе играчот на Камп Ноу за 15 милиони евра, но Осман Дембеле ја одбра Борусија Дортмунд бидејќи знаеше дека покрај Меси, Суарез и Нејмар ќе треба да ја грее клупата.

Ова лето тој сепак заврши во Каталонија, но за 100 пати повисока сума од онаа која била потребна пред три години и 10 пати повеќе од онаа потребна пред 12 месеци.