24фудбал

Непримерен потег на Нејмар од непознати причини, Бразилецот одби да се ракува со младиот фудбалер на Селтик (ВИДЕО)

Бразилецот беше во центарот на вниманието на средбата во Глазгов, за време, но и по крајот на натпреварот.

Лига на Шампиони

ПСЖ со триумф стартуваше во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на гости славеше со убедливи 0-5 кај Селтик во Глазгов, во првото коло од групата „Б“.

Еден од предводниците на победничкиот табор беше Бразилецот Нејмар кој ја почна голеадата од овој натпревар, а тој беше во центарот на вниманието по крајот на средбата, откако одби да се ракува со 18 годишниот  Шкотланѓанец Ентони Релстон.

Дали станува збор за „одговор“ на Бразилецот поради некој прекршок на Релстон во текот на мечот, или причината е сосема друга, засега не е познато.