24фудбал

Мендеш и Рајола во битка за ѕвезда на Тотенхем

Двајцата супер агенти, Жорж Мендеш и Мино Рајола се во битка за потписот на еден од најголемите таленти во Тотенхем кој не би требало долго да се задржи во Лондон.

Англија

Поради суспензија, Деле Али не беше дел од синоќешниот натпревар против Борусија Дортмунд кој Тотенхем го доби со 3-1, но е еден од главните во денешните изданија на англиските медиуми.

Според „Тајмс“, Тоа е фудбалерот за кој се борат двајцата најдобри агенти, Жорж Мендеш и Мино Рајола.

„Жорж Мендеш и Мино Рајола се вклучија во трката по Али и покрај тоа што претходно покажуваа мал интерес за англиски фудбалери. Тие веќе стапиле во контакт со неговата фамилија“ - пишува англискиот весник.

Медиумите прогнозираат дека доколку Али стане клиент на Мендеш или Рајола, следната сезона може да заигра за Реал Мадрид или Барселона и покрај тоа што има пет годишен договор со Тотенхем.

Деле Али во минатата сезона беше фантастичен, го доби признанието за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата.