24фудбал

Отварањето на новиот, спектакуларен стадион на Атлетико Мадрид, Ванда Метрополитано (ВИДЕО)

Изминатиот викенд Атлетико Мадрид го промовираше својот нов дом, стадионот Ванда Метрополитано на кој беше одигран и првиот натпревар.

Шпанија

Висенте Калдерон замина во историјата, Атлетико Мадрид почна да игра на новиот стадион, Ванда Метрополитано. Стадионот е спектакуларно здание, еден од најдобрите во Европа, има капацитет од 67,703 гледачи, 13,000 повеќе од Калдерон.

Се отвори со мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Малага кој заврши 1-0 со одличен гол на Антоан Гризман. Капацитетот беше распродаден, а таков е и за наредните неколку натпревари.

Погледнете го одличното видео на Ла Лига за отварањето на стадионот на Атлетико Мадрид: