24фудбал

Ангеловски со повик до Адеми за мечот против Лихтенштајн!

Во Хрватска пишуваат дека фудбалерот на Динамо Загреб добил повик од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Македонија

Медиумите во Хрватска на големо пишуваат дека селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, помалку изненадувачки, упатил повик до фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој подолг период беше вон фудбалските терени поради суспензија.

Како што наведуваат во Хрватска, Адеми на големо изненадување го проследил повикот од Ангеловски, а истиот се однесува за мечот против Лихтенштајн во последното, десетто коло од групата „Г“ од квалификациите за СП Русија 2018.

Причината за која нашиот фудбалер може да настапи на втората средба е фактот што суспензијата за него истекува на 7 октомври, поточно на два дена пред дуелот во Струмица.

Македонија најнапред на 6 октомври гостува кај Италија, додека пак три дена подоцна на домашен терен во Струмица на стадионот „Младост“ го пречекува Лихтенштајн, токму на вториот натпревар се очекува враќање на Адеми во репрезентацијата.

 

Извор: goal.com/hr