24фудбал

Кавани излезе со изјава за конфликтот со Нејмар

Единсон Кавани прв се јави со изјава по повод кавгите со Нејмар во ПСЖ за тоа кој да ги изведува пеналите.

Франција

Недоразбирањата помеѓу Кавани и Нејмар се главна тема низ спортските медиуми во Европа. Бразилецот штотуку дојде во ПСЖ, а веќе сака да биде главен изведувач на пеналите, но тоа не му го дозволува Кавани кој официјално е прв избор.

Медиумите пишуваа дека малку фалело да дојде и до тепачка помеѓу двајцата во соблекувалната, но Тиаго Силва го спречил тоа.

Кавани вели дека нема вистина во написите на медиумите и расправиите на теренот се нормална работа.

„Овие работи се измилени, не знам зошто се креираат вакви стории. Вистината е дека ова се нормални работи кои се случуваат во фудбалот“ - изјави Кавани.

„Зборувајќи со мојот брат дознав од сториите дека луѓето велеле како Кавани на никој не му дава да шутира пенали и дека има проблем со Нејмар. Вистината е дека нема никаков проблем“.

„Тој штотуку дојде и како што реков ние му помагаме тој да се адаптира колку што е можно побрзо. Мислам дека тоа се гледа од неговата брза адаптација“.