24фудбал

Хет-трик на Заза, Валенсија ја наполни мрежата на Малага (ВИДЕО)

Валенсија со 5-0 ја збриша Малага и освои нови три бода во Примера, играч на мечот беше италијанскиот напаѓач Симоне Заза кој постигна три гола.

Шпанија

Малага имаше солиден старт намечот, но Валенсија брзо воспостави доминација и почна да ја полни мрежата на гостинот.

Фудбалерите на Валенсија не само што постигнаа пет гола, туку тоа го правеа на атрактивен начин, со убави акции забавувајќи ја публиката.

Резултатот беше отворен во 17. минута кога по убав центаршут на Солер, Мина се поклони и даде гол со глава.

Во второто полувреме следуваше шоу на Заза кој за само осум минути од 55. до 63. успеа да постигне хет-трик.

Точка на натпреварот стави Родриго кој доби атрактивна асистенција со пета од Гуедес.

По пет кола Валенсија има освоено девет бодови, без ниту еден пораз. Малага е последна со пет загубени меча.