24фудбал

Ристовски ги освои фановите на Спортинг, тие се едногласни: Тој е подобар од Пичини, треба да биде стартер! (ФОТО)

Стефан Ристовски за прв пат доби шанса да биде стартер на еден меч за Спортинг Лисабон и веднаш импресионираше, беше најдобар на теренот, а тоа го забележаа навивачите кои бараат Македонецот да биде првотимец.

Македонија

Спортинг Лисабон одигра 0-0 против Маритимо во натпревар од Лига Купот на Португалија. Она за кое најмногу се зборува по мечот е играта на Стефан Ристовски кој конечно доби шанса од првата минута.

Реакциите на навивачите на Спортинг Лисабон на социјалните мрежи кажуваат многу, тие се импресионирани од Ристовски и бараат тој да биде прв избор на десната бековска позиција, пред Пичини.