24фудбал

Челси под истрага на ФИФА, на клубот од Лондон му се закануваат санкции

Премиерлигашот од Лондон по трети пат во последните осум години се соочува со истрага од Светската фудбалска федерација, ФИФА.

Англија

Светската Фудбалска Федерација (ФИФА) отвори истрага против англискиот премиерлигаш Челси, а за тоа стигна и потврда од медиумите на Островот.

„Дејли Меил“ пренесува дека ФИФА организирано ги истражува трансферите кои ги има направено клубот од Лондон со малолетни фудбалери, дека ситуацијата е мошне сериозна, говорат неофицијалните податоци дека Челси најверојатно има најмногу фудбалери под договор во Европа, а огромна бројка од нив се распределени по позајмици.

Медиумите на Островот пренесуваат дека во случај да се увиди постои неправилност во начинот на доведувањето на истите во клубот, Челси би добил забрана за ангажирање на фудбалери.

Инаку ова е трета истрага против Челси во последните осум години, беа казнети поради Гаел Кукута во 2007. година, но успеаа во намерите да ја соборат пресудата.