24фудбал

Хаос во Германија: Хулигани влегоа на теренот да се пресметаат со гостинските ривали, реагираа – фудбалерите! (ВИДЕО)

Хаос на дерби мечот од второлигашката конкуренција во Германија, ситуацијата за момент мораа да ја спасуваат гостинските фудбалери.

Германија

Вистински хаос настана пред самиот старт на дерби средбата од втората Бундеслига, на мечот помеѓу Холштејн Кил и Сент Паули, на теренот влетаа хулигани кои сакаа да се пресметаат со гостинските навивачи.

Се чини дека полициските службеници и редарите беа изненадени од ваквиот инцидент, кој очигледно дека не го очекуваа, па работата во свои раце ја преземаа дел од фудбалерите на Сент Паули, кои се вклучија во „потера“ по хулиганите на теренот.


Полицијата извести дека на теренот влегле 25 хулигани, повеќето од нив веднаш биле исфрлени од стадионот, а некои се приведени и однесени во полициска станица.

Сент Паули славеше минимално на ова гостување со 0-1, а мечот во Кил го следеа близу 12.000 гледачи.