Категорија: Шпанија 20.09.2017 14:10
По Иско, Марсело и Карвахал, Карим Бензема потпиша нов договор со Реал Мадрид.
Неговиот актуелен договор истекуваше во јуни 2019 година, според новиот тој ќе биде во клубот до 2021.
Според шпанските медиуми, платата со новиот договор ќе му порасне на повеќе од 7,5 милиони евра годишно, а во договорот има и неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра.
Во изминатите години неколку екипи се интересираа за неговиот потпис, особено Арсенал и ПСЖ, но тој изјави: „Како напаѓач, кога сте прв избор во некој клуб, не треба да гледате кон други клубови, особено кога сте во клуб како Реал Мадрид“.
Некои сметаат дека Бензема е милениче на Перез и Зидан и поради тоа Реал Мадрид губи играчи како Алваро Мората кој може да има поголем ефект во нападот од францускиот фудбалер.