24фудбал

Ако голот на Видал беше ремек дело, тогаш асистенцијата на Родригез... (ВИДЕО)

Фантастична реализација на Артуро Видал против Шалке, но уште подобра и асистенција на Хамес Родригез.

Германија

Бранителот на титулата во најсилниот германски фудбалски шампионат, Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен славеше убедливо на гостувањето кај Шалке 04 во петтото коло од тамошното првенство.

Неколку моменти беа посебно издвоени од мечот во Гелзенкирхен, а еден од нив секако е голот на Видал во 75. минута за точка на натпреварот, а истиот дојде по една феноменална асистенција на Хамес Родригез, за потоа да следи и уште подобар финиш.