24фудбал

Вака во Македонија... Селта казнета од Ла Лига поради едно правило кое го игнорирала, се однесува на посетеност!

Во шампионатот на Шпанија постои правило во однос на исполнување на квота за посетеност на натпреварите, кое Селта сакала да го заобиколи.

Шпанија

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, тамошната Ла Лига ќе го казни прволигашот Селта поради неисполнување на доволна бројка на посетеност на натпреварите со Реал Сосиедад и Алавес.

Селта на мечот против Реал Сосиедад примами близу 17.000 гледачи, додека пак дуелот со Алавес го следеа речиси идентична бројка на гледачи, а капацитетот на стадионот изнесува 31.000.

Казната ќе биде одземање на дел од паричните средства кои клубот ги заработува на основ на ТВ правата.

Инаку правилото е донесено минатата година, истото гласи дека трибините кои ги покриваат ТВ камерите мораат да бидат пополнети барем 70 проценти, причината е јасна, да не одат во кадарот празни трибини.

Не станува збор за бројка која треба да биде исполнета, туку процент од капацитетот на наведените трибини, стадионот може да биде и со мал капацитет, но делот кој го покриваат ТВ камерите мораат да ги задоволуваат бараните бројки.

Селта тоа не го испочитува на домашните натпревари против Реал Сосиедад и Алавес, па се очекува да и бидат одземени одреден дел на парични средства кои клубот ги добива на основ на ТВ правата.

За претстојната пресметка со Гетафе која се игра утре во рамките на петтата рунда натпревари од Примера, Селта се одлучи да ги намали цените на влезниците за да избегне дополнителна казна од Ла Лига.