24фудбал

АДСДП ги врати старите цени, Вардар и Работнички се враќаат на „Филип Втори“

Јавното претпријатие за станбен и деловен простор ги врати старите цени за закуп на арената „Филип Втори, со тоа се враќаат и Вардар и Работнички своите натпревари да ги играат на најголемиот стадион.

Македонија

Кратко траеа новите цени на АДСДП кои ги избркаа Вардар и Работнички од арената „Филип Втори“, на итен состанок на претпријатието беше решено да се вратат првичните тарифи.

На само неколку дена пред почетокот на дуелот помеѓу Вардар и Зенит, АДСДП излезе со нов, многу поскап ценовник за користење на стадионот.

Во европските натпревари Вардар нема избор, па мора да ја прифати секоја понудена цена, но македонскиот шампион реши домашните натпревари да ги игра во Маџари, а Работнички се префрли на стадионот во Ѓорче Петров.

Откако АДСДП виде дека со новите цени нема да заработи ништо бидејќи ги избрка сите кои го користеа стадионот, реши да ги врати истите тарифи.

Па така, Работнички и Вардар следните домашни натпревари ќе ги играат на „Филип Втори.