24фудбал

„Кој мисли дека е овој? Меси?” - Врие во ПСЖ, речиси цел тим е против Нејмар!

Според пишувањата на Ел Паис, Нејмар е прилично изолиран во соблекувалната на ПСЖ, речиси цел тим не е во добри односи со Бразилецот, првите проблеми настанале уште пред еден месец

Шпанија

Расправијата помеѓу Единсон Кавани и Нејмар на виделина изнесе многу проблеми во соблекувалната на ПСЖ.

Сопствениците на „Светците“ за прв пат не можат да купат „мир во куќа“ откако Уругваецот одбил 1 милион евра за должноста да му ја препушти на Бразилецот.

Но според Ел Паис, Единсон Кавани не е единствениот кој има проблеми со Нејмар, речиси целиот тим е против новајлијата и тој е прилично изолиран во соблекувалната.

Весникот пишува дека проблемуите настанале уште пред еден месец, кога УЕФА му се заканали на ПСЖ дека може да остане без Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.

Европската куќа на фудбалот, под притисок на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус и другите гиганти, му соопштила на ПСЖ дека ќе добие драконска казна доколку ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј.

Па првиот човек на клубот, Ал Келаифи му наредил на директорот Жан Клод Блан речиси половина тим веднаш да го стави на продажба.

Во рок од 48 часа, лидерите на ПСЖ стапиле со агентите на дури осум фудбалери и ги известиле дека постојат големи шанси играчите да бидат продадени за да се балансираат сметките по трансферот на Нејмар вреден 222 милиони евра.

На списокот се нашле Ди Марија, Матуди, Пасторе, Мура, Дракслер, Бен Арфа, Орие и Тиаго Силва.

Од овие, Само Орие и Матуиди го напуштија Париз, но потег донел немир кај останатите, особено оние кои подолго време се во ПСЖ . На сите им станало јасно дека секој може да биде жртвуван поради Нејмар. Проблем е и огромната плата која ја добива играчот, која според Фудбал Ликс е 37 милиони евра.

„Кој мисли дека е овој? Меси? – почнале да се прашуваат соиграчите.

Ел Паис вели дека и сонародниците на Нејмар во ПСЖ веќе не се толку многу покрај него и само неговиот најдобар пријтел Дани Алвеш цврсто стои зад најскапото засилување во историјата на фудбалот.