24фудбал

„Лордот“ пука од самодоверба, Вардар има од што да стравува!

Искусниот Данец сака во четврток да потврди дека се враќа на старите патеки, неговата форма го најавува тоа.

Македонија

Розенборг славеше висока и убедлива победа на гостувањето кај Лилестром во 23. рунда натпревари од норвешката „Елитесериен“, а победничкиот табор се одвои на челната позиција на табелата во ова првенство на десет бода зад своите ривали, на седум кола до крајот на шампионатот.

Сепак, ако некому може да му се препише како најголема заслуга за фантастичните резултати на Розенборг во Норвешка, тоа несомнено е Данецот Никлас Бентднер, 29 годишниот напаѓач кој помеѓу фудбалските фанатици ширум светот е попознат како „Лордот“, најмногу поради многуте шеговити коментари на негова сметка.

Уште во првата сезона во Розенборг, Бендтнер ги воодушеви сите, на 22 натпревари постигна фантастичен учинок од 14 погодоци, што го прави опасност број еден по голот на македонскиот првак Вардар во претстојната нивна пресметка во четврток во рамките на Лига Европа.

Бендтнер постигна два гола во вчерашната победа на Розенборг, но во 82. Минута мораше да биде заменет, а според информациите кои стојат на официјалниот клупски сајт, се вели дека повредата не е од посериозен карактер.

Данецот во изјава за официјалниот клупски сајт говореше за вчерашниот меч, но притоа беше запрашан дали би можел да ги убеди сите дека ќе се врати во четврток, на што тој се насмеа и потврди дека е подготвен за тоа.

Извор/Фото-вест/ видео: rbk.no