24фудбал

Бугарин ќе му суди на Вардар против Розенборг, а тој не е баш „скромен“ во бројката со опомените! (ФОТО)

УЕФА ги одреди арбитрите за престојните натпревари.

Македонија

По високиот пораз пред своја публика од Зенит (0-5), Вардарци во четврток гостуваат во Норвешка кај Розенборг, во второто коло од групата „Л“.

Европската куќа на фудбалот веќе ги одреди делителите на правдата за претстојните натпревари, а мечот во „Трондхеим“ ќе го суди 31 годишниот бугарски арбитар Георги Кабаков.

Од тоа што можеме да го забележиме, последниот меч за Кабаков бил оној помеѓу Евертон и Ружомберок, во квалификациите за Лига Европа, каде англискиот претставник пред своја публика забележа минимален триумф од 1-0, на истиот додели само два жолти картони, и двата за гостите.

Статистиката која се заснова на 28 интернационални натпревари на бугарскиот арбитар, вели дека тој покажал вкупно 145 жолти картони како опомени, а 10 пати испратил фудбалери предвреме во соблекувалната покажувајќи им црвени картони. Тоа значи дека статистички, Бугаринот доделува по пет опомени на натпревар, што не е баш скромна бројка.

Она што е исто така за идвојување, е фактот што бугарскиот судија не е баш „толерантен“ кон гостински екипи со оглед на тоа што има 19 жолти картони повеќе доделено во однос на домашните екипи.



Извор: worldreferee.com