24фудбал

Оваа повреда значи крај на кариерата за Рибери? (ВИДЕО)

Французинот се здоби со сериозна повреда на гостувањето на Баерн Минхен кај Херта во Берлин.

Германија

Бранителот на титулата во германскиот шампионат, тимот на Баерн Минхен заостанува пет бода зад лидерот Борусија Дортмунд по седум одиграни натпревари во Бундеслигата, освен „потресот“ на клупата, стигна и нов проблем за тимот од Минхен.

На вчерашното гостувањето во Берлинг против Херта, Баварците иако имаа водство од 0-2, на крајот мораа да се задоволат со реми од резултат 2-2, а откако домаќините се израмнија на резултатски план, веднаш потоа се повреди Франк Рибери кој мораше да биде заменет веднаш.

Се шпекулира дека оваа повреда за 34 годишниот Французин би можела да му донесе крај на неговата професионална фудбалска кариера.

Произлегоа многу шпекулации во однос на повредата на Рибери, за него се чини дека сезоната е веќе завршена, а дека ситуацијата не е баш во ред, потврдија и од Баерн Минхен кои излегоа со соопштение дека повредата е сериозна.