24фудбал

Баксузниот Ројс си има мака: Ќе ги дадам сите пари за пак да бидам фит и да играм фудбал!

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс вели дека е подготвен да се откаже од сите пари кои ги има заработено како фудбалер за да ги надмине проблемите со повредите и одново да истрча на терените

Германија

Германецот е тежок малер, во последните неколку години не може глава да крене од повреди.

Во мај го подигна првиот пехар во дресот на Борусија Дортмунд по триумфот во Купот на Германија, но на тој натпревар ги скина лигаментите на коленото и ќе биде надвор од стројот до почетокот на 2018.

Тој во 2014 го пропушти Светското првенство во Бразил, откако непосредно пред мундијалот ги скина лигаментите на скочниот зглоб, а не беше во комбинација ниту за Европското првенство во 2016 поради повреда на препоните.

Во разговор со GQ магазинот, Марко Ројс сега открива дека плачел на полувремето од дуелот со Ајнтрахт Франкфурт во финалето од Купот на Германија, и додава: „Солзи ми протекоа и два-три дена подоцна, кога одново се присетив што ми се случи“.

„Најтешкиот дел е тоа што сам работите на враќање во полн фитнес. Послем три недели се ми беше преку глава. Тоа е еден брутален ментален тест, морате да работите сам“.

„Точно е дека заработуваме многу пари, но понекогаш плаќаме скапа цена со нашето здравје“.

„Би ги дал сите пари за одново да бидам здрав и фит, да можам да го правам она што го обожавам, да играм фудбал“.