24фудбал

Главоболка за Хајнкес уште првиот ден, Нојер паузира шест месеци?!

Мануел Нојер открива дека би можел да биде надвор од терените многу повеќе од првичните прогнози, голманот вели дека се потребни и до шест месеци за да ја санира повредата

Германија

Првиот голман на „Баварците“ заработи фрактура на стапалото и се очекуваше да се врати на терените на почетокот од годината.

Но 31 годишниот Германец сега открива дека би можел да паузуира и до шест месеци, односно да биде надвор од стројот до март или април.

„Има рана која треба да заздрави, за ткивото да се обнови потребни се и до шест месеци“ - открива Мануел Нојер.

Ваквите вести сигурно не се добри за новиот тренер Јуп Хајнкес со оглед на тоа дека резервата на Мануел Нојер не импресионираше со своите партии.