24фудбал

Реакциите на фановите на Лидс за изданието на Алиоски против Лихтенштајн (ФОТО)

Популарниот „Џани“ постојано е следен од навивачите на славниот англиски клуб.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со триумф од 4-0 синоќа ги заврши квалификациите за СП Русија 2018, а одлично издание во нашиот табор имаше Езгјан Алиоски, нашиот 25 годишен офанзивец, инаку член на англискиот чемпионшиплигаш Лидс.

Фановите на второлигашот од Англија постојано го следат нивниот миленик, кој рака на срце во последниов период добива критики за своите изданија во Чемпионшиплигата изминативе неколку седмици.

Исто како и на претходните средби, фановите на Лидс го следеа и неговиот настап против Лихтенштајн синоќа, па на социјалните мрежи со свои реакции за фудбалерот кој имаше една асистенција во вкупно четирите погодоци на Македонија, а учествуваше во градењето на акцијата и на уште еден гол за нашиот состав.

Генерално, популарниот „Џани“ доби позитивни оценки од фановите на славниот англиски клуб, кои се надеваат дека истото од него ќе го видат и во саботниот дуел на домашен терен против Ридинг.


Извор: hitc.com

Фото-вест: 24фудбал (Архива, Македонија-Шпанија)