24фудбал

Мурињо ќе го продолжи договорот со Јунајтед, но под еден услов

Жозе Мурињо е подготвен да стави потпис на нов договор со „Црвените ѓаволи“ но само доколку добие значајно зголемување на платата кое ќе го рефлектира прогресот кој клубот го забележа под негово водство

Англија

„Специјалниот“ ја одработува втората сезона од три годишниот договор кој го доби во 2016 кога седна на жешкото столче на Олд Трафорд, и лидерите на клубот сакаат да ја продолжат соработката со стратегот.

Жозе Мурињо, кој заработува околу 15 милиони фунти по сезона, е подготвен да стави потпис на нов договор, но само доколку добие знчајно покачување, како на платата така и на бонусите, кое ќе го рефлектира прогресот кој клубот го забележа под негово водство.

Португалецот минатата сезона донесе трофеј од Лига Купот и Лига Европа, а го врати клубот и во Лигата на шампионите.

Оваа сезона Манчестер јунајтед ја стартуваше уште подобро, „Црвените Ѓаволи“ се втори на табелата во Премиерлигата со два бода помалку од Манчестер Сити, и имаат две победи во Лигата на шампионите за максимални шест поени.

Избраниците на Жозе Мурињо не знаат за пораз, и стилот на игра и формата на овој Манчестер јунајтед се најимпресивни во последните четири години откако Сер Алекс Фергусон замина во пензија.