24фудбал

Бартон без влакна на јазикот: Гвардиола е можеби најдобриот на светот, но дајте му го буџетот на Барнли...

Контроверзниот фудбалер не се штедеше во коментарот за стратегот од клупата на Манчестер Сити.

Англија

Манчестер Сити гази се пред себе, на добар пат е до крај да се бори за титулата во англиската Премиерлига, а можеби и им се насмевнува големиот успех.

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола го предводеше својот тим до деве победи во серија, со што по осум одиграни кола во Премиерлигата и 22 освоени бода Манчестер Сити е прв на табелата без ниту еден пораз засега.

Но, контроверзниот 35 годишен фудбалер на Барнли, Џои Бартон не мисли дека успехот на Сити е дело на Гвардиола, тој посочи да му се даде буџетот на неговиот клуб, за да на дело се видат тренерските способности на Шпанецот, мислејќи на саботниот триумф на Сити од 7-2 на домашен терен над Стоук.


Гвардиола е можеби најдобриот во светот, но дајте му го буџетот на Барнли и нема да можете да видите 7-2. Да не се залажуваме...“ напиша Бартон на социјалните мрежи.

Што се однесува пак до Барнли, на оваа екипа и оди одлично во најсилниот англиски фудбалски шампионат, а Бартон, тој е суспендиран поради незаконско обложување пред неколку месеци, а ќе биде вон фудбалските терени 18 месеци, од кои шест веќе изминаа.