24фудбал

И во Серија А почнаа да летаат тренерски глави

Каљари потврди дека од утринава Масимо Растељи повеќе не е нивни тренер, тој е првиот стратег кој оваа сезона добил отказ од клуб кој игра во Серија А.

Италија

Во Премиерлигата настрада Де Бур, во Бундеслигата, Анчелоти. Денеска беше врачен и првиот отказ во Серија А.

„Каљари сака да информира дека Масимо Растељи не е повеќе тренер на првиот тим. Му благодариме за две годишната работа која ја извршуваше со голема пасија и професионализам. Му посакуваме се најдобро“ - се вели во соопштението.

Клубот ги отпушти и помошниците на Растељи. Фаворити за тренерската позицијата се Бепе Иачини и Масимо Одо.

По осум одиграни натпревари Каљари е на 14. место во Серија А, но има четири порази во низа и само бод повеќе од опасната зона.