24фудбал

Реал Сосиедад има проблеми со повреди пред дуелот со Вардар

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан нема да смета на шест свои фудбалери за средбата со Вардар поради повреди.

Лига Европа

Познат е составот на Реал Сосиедад со кој шпанскиот тим ќе настапи во Скопје.

Поради повреди, тренерот на Сосиедад нема да може да смета на Карлос Мартинез, Одриозола, Зурутуза, Гориди, Хуанми и Агирече. 

Одриозола и Хуанми беа стартери на последниот меч на Реал Сосиедад во кој славеа со 2-0 на гостувањето кај Алавес.

Во составот меѓу другите се и пославните Иљараменди, Јанузај и Карлос Вела.


Натпреварот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад се игра во четврток со почеток од 19 часот.