24фудбал

„Меси е виновен што Дибала промаши два клуични пенали во завршните минути“ - Алегри има интересна теорија

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри вели дека Пауло Добала ќе продолжи да ги изведува пеналите, и додава дека компарациите со Лео Меси придонеле напаѓачот да промаши два клучни удари од белата точка

Италија

Аргентинецот одлично ја започна сезоната, до овој момент има постигнато 10 погодоци во Серија А, но е на мета на критичарите поради тоа што промаши два пенали во финишот од средбите со Аталанта и Лацио.

Пауло Дибала можеше да донесе победа во Бергамо, но во 84. минута не реализираше пенал, а изминатиов викенд имаше шанса во 97. минута да го спаси Јувентус од пораз против Лацио, но одново не погоди од белата точка.

„По првите неколку кола го споредивте (новинарите) со Меси, па сите почнаа да говорат дека тој е наследник на Меси – вели Масимо Алегри.

„Па тоа стави дополнителн притисок врз него. Разговарав со Дибала, му кажав дека треба да си ги расчисти мислите.

„Секој млад играч мора да го изоди овој пат пред да стане голем фудбалер. Овој момент ќе му помогне и ќе го направи посилен.

„Исто како што не треба да биде возвишуван поради тоа што постигнал хет-трик против Сасуоло, не треба да биде „распарчен“ поради тоа што промашил два пенали.

„Дибала останува задолжен за пеналите, нема да го промениме изведувачот.