24фудбал

Барсегјан: Ќе го оставиме срцето на терен за да го победиме Сосиедад

Тигран Барсегјан верува дека тој и неговите соиграчи утре ќе одиграат добар натпревар и ќе успеат да дојдат до трите бода против силниот Реал Сосиедад.

Македонија

Утре во 19 часот Вардар го игра третиот натпревар од Лига Европа, го пречекува тимот на Реал Сосиедад. Шпанскиот тим важи за атрактивен противник кој дава, но и прима голови.

„Ова е многу важен натпревар за нас. Сосиедад е одлична екипа. Точно е дека примаат многу голови, но и даваат. Не можам да откривам како ќе ги нападнеме, тоа ќе го покажеме утре. Можам да ветам дека ќе го оставиме срцето на терен за да дојдеме до победа. Ако ги исполниме задачите на тренерот, можеме да го направиме тоа“ - изјави Барсегјан.