24фудбал

Иљараменди: Вардар игра убав фудбал, но ние во Скопје дојдовме за да победиме

Од таборот на Реал Сосиедад велат дека не го потценуваат Вардар, но веруваат дека во Скопје ќе ја оправдаат улогата на фаворит и ќе си заминат со целиот плен.

Лига Европа

Поранешниот играч на Реал Мадрид, сега еден од главните во тимот на Сосиедад, Асиер Иљараменди има пофалби за играта на Вардар, но верува дека тие се поквалитетни и ќе го покажат тоа.

„Утре имаме важен натпревар со Вардар, но не е одлучувачки бидејќи имаме уште за игра. Не го потценуваме Вардар, но веруваме во себе и очекувам да победиме и да ги освоиме трите бода. Денес во фудбалот мали се разликите помеѓу тимовите, ние сме фаворити на хартија, но тоа треба да го потврдиме на теренот“ - вели Иљараменди.

„Вардар игра убав фудбал, практикуваат слична игра како и ние, со топка. Сакаат да играат офанзивно и високо се бранат. Ќе сакаат да ги освојат првите бодови, но верувам дека тоа нема да се случи“.