24фудбал

Сакристан: Имаме почит за Вардар, но утре ние ќе ги освоиме бодовите

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан верува дека утре неговите фудбалери ќе ја оправдаат фаворитската улога и ќе го победат Вардар.

Лига Европа

По два меча Реал Сосиедад има половичен успех, победа и пораз. Нивната цел е пласман во нокаут фазата, а за тоа многу важни им се бодовите од утрешниот натпревар со Вардар во кој влегуваат како фаворити.

„Бодовите од утрешниот натпревар ни се потребни за да се пласираме во следната фаза. Имаме почит за Вардар, но веруваме дека ние ќе ги освоиме бодовите од Скопје“ - вели Сакристан.

„Не смееме ни случајно да се опуштиме, ова се европски мечеви и секој кикс се казнува. Не можеме да сметаме на неколку важни играчи, но имаме фудбалери кои ќе ги заменат отсутните“.

„Вардар игра офанзивно, но ние ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра и да го диктираме темпото. Не смееме да дозволиме да се создаде еуфорија кај противникот и кај публиката, тоа може да биде опасно за нас“.