24фудбал

Санчез не е во добри односи со Венгер? (ВИДЕО)

Чилеанецот уловен од камерите како го избегнува ракувањето со францускиот стратег.

Англија

Алексис Санчез се чини дека не е во добри односи со Арсен Венгер, а за тоа доаѓа и потврда од тренингот на Арсенал, ситуација која ја уловија камерите.

Чилеанецот на тренингот пристигна заедно со Озил и Монреал, и обајцата се поздравија со Венгер, а тој го избегна ракувањето со него, по што следеше една реакција од страна на францускиот стратег.

Санчез одби да го продолжи договорот со премиерлигашот од Лондон, актуелниот важечки истекува идното лето, истото важи и за Озил, но тој како што можеме да забележиме нема никакви проблеми во тоа да се поздрави со Венгер.