24фудбал

Вардар има „џокер“ кој мора да го искористи против Шпанците

Македонскиот првак може да продолжи една лоша низа на шпанскиот прволигаш вечерва.

Македонија

Вардар на домашен терен го пречекува Реал Сосиедад во мечот од третото коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Поразите од Зенит и Розенборг се веќе минато, вечерва избраниците на Чедомир Јаневски се пред нов, многу посериозен испит кој мораат да го положат за да стигнат до првите бодови во дебитантскиот настап во Лига Европа.

Она што е интересно, лоша статистичка низа има Реал Сосиедад кога станува збор за гостинските натпревари во натпреварувањата организирани од УЕФА, дури пет порази стојат зад шпанскиот прволигаш на последните шест гостувања, што се чини дека е „џокер“ кој македонскиот првак би можел да го искористи вечерва.

Мечот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад стартува во терминот од 19 часот а се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.