24фудбал

Каква шанса за Барсегјан... (ФОТО)

Ерменецот не успеа да реализира од чиста позиција за израмнување против Реал Сосиедад.

Лига Европа

Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад уште во раната фаза на мечот во Скопје дојде до минимална предност од 0-1 во мечот од третото коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Вардар можеше до израмнување, а најсериозната прилика за тоа ја имаше Тигран Барсегјан.

Фелипе упати „снајперска“ асистенција до Барсегјан кој излезе сам, очи во очи со противничкиот голман во 29. минута, но не се снајде во оваа ситуација па пропадна една огромна прилика за нашиот претставник во овие моменти од средбата.