24фудбал

Случајот со Агим Ибраими и регистрацијата во Домжале повторно во фокусот на вниманието во Словенија (ФОТО)

Некогашниот најдобар македонски фудбалер летово потпиша за амбициозниот словенечки прволигаш, но засега настапи само на пријателски меч.

Македонија

Словенечка „Екипа“ утрово излезе со нова сторија во случајот со 29 годишниот македонски интернационалец, Агим Ибраими кој се уште има административни пречки околу регистрацијата во неговиот нов клуб Домжале, каде премина како слободен играч на трансфер пазарот.


Исто како и минатиот месец, одговори повторно се бараат од спортскиот директор на клубот, Матеј Оражем, кој повтори дека клубот не смее да ризикува и мора професионално да ги одработи сите детали околу Македонецот.

Се уште нема конкретна одлука околу ова прашање. Околностите околу ФИФА за неговата регистрација не се променети, како и да е, на Светската фудбалска организација и беа потребни 15 дена за да го информира нашиот фудбалски сојуз околу оваа процедура“ вели Оражем.

Заедно со Фудбалскиот сојуз на Словенија, ние ги бараме сите можни солуции кои се возможни во моментов, ова е премногу не-фер ситуација во која се најде клубот, но мораме да внимаваме на сите процедури за да не трпиме консеквенции околу ова прашање. Ние сме повредени во овој случај, кореспонденцијата се врши исклучиво помеѓу нашиот Фудбалски сојуз и ФИФА, тоа е уште покомплициран детал за нас како клуб“ додаде тој.

Ибраими дебитираше за Домжале пред две седмици на пријателскиот меч со италијански Удинезе, во ремито од 1-1, а одигра 64 минути во кои доби високи оценки од словенечките медиуми за неговиот настап.


Извор: ekipa.svet24.si