24фудбал

Несторовски за „Кориере дело спорт“: Трајковски е ѕвер, многу напредуваше, гази за Македонија, а за Палермо...

Македонскиот напаѓач и капитен на италијанскиот второлигаш Палермо, Илија Несторовски во интервју за „Кориере дело спорт“.

Македонија

Веќе три натпревари Палермо нема победа во Серија Б, а дополнително, притисокот врз капитенот Несторовски е зголемен поради слабата реализација општо на тимот, а нашиот репрезентативец по шест настапи сезонава постигна четири погодоци за тимот кој по девет кола заостанува со два бода зад лидерот на табелата Емполи, и засега е без пораз.


Нормално е да имате добри и лоши денови, им се случува и на големите шампиони. Како за пример, Игуаин во Серија А е во сенка подолг период, постигна само три гола. Роналдо и Меси немаат одмор но ние се соочуваме со друг феномен. Не сакам да биде индивидуално сведено околу фудбалерите, најважно од сее победата на тимот“ вели 27 годишниот Несторовски.

Идниот месец нашата најдобра фудбалска репрезентација на 11 ноември во Скопје ја пречекува Норвешка во контролна средба, пред извесен период медиумите во Сицилија пишуваа на оваа тема најмногу поради густиот распоред на Палермо и желбата за брзо враќање во елитата на Италија, а за тоа ќе им бидат потребни Несторовски и Трајковски, па останува отворено прашањето дали селекторот Игор Ангеловски ќе ги поштеди нив двајца за контролката во Скопје.

Ние фудбалерите немаме право да се мешаме во тие работи и да му поставуваме такви прашања на селекторот. Тоа е работа на селекторот и на федерацијата“ вели Прилепчанецот.

Во интервјуто Несторовски упати големи пофалби на својот соиграч од Палермо и репрезентацијата на Македонија, Александар Трајковски.

Трајковски, фантастичен фудбалер во националниот тим, кој игра топло-ладно во дресот на Палермо“ пишува „Кориере дело спорт“.

За мене тој е најсилниот од сите, се разви во голем фудбалер и сето тоа го докажуваат неговите три гола за националниот тимм во исто толку и натпревари. Во Палермо, можеби, му недостасува континуитет но убеден сум дека настапите за Македонија ќе ги отслика и во дресот на Палермо“ додаде Несторовски.

Во однос на преговорите со клубот за продолжување на соработката, ако се земе во предвид дека актуелниот важечки договор истекува во 2019. година, Несторовски не сакаше да говори.