24фудбал

Рома на „тапет“ кај УЕФА поради извиците на фановите против Рудигер

Италијанскиот вицепрвак може да се соочу со казна поради дивеењето на неговите фанови.

Лига на Шампиони

Рома ремизираше со 3-3 на гостувањето кај Челси во третото коло од Лигата на шампионите, а овој меч во негативна конотација за момент го одбележа и однесувањето на фановите на гостинскиот тим.

Навивачите на Рома упатуваа мајмунски извици кон поранешниот фудбалер на тимот од Рим, црномурестиот Антонио Рудигер кој изминатото лето премина во редовите на Сините.

УЕФА не толерира вакво однесување, посебно не расизам, па извесно е дека Рома ќе треба да го одврзе кесето и да го „плати“ однесувањето на нејзините фанови во Лондон.