24фудбал

Евертон донесе одлука околу навивачот кој со дете во рацете сакаше да тепа фудбалери на Лион

Англискиот премиерлигаш пресуди во случајот кој за момент ја шокираше фудбалска Европа.

Англија

На Евертон не му оди баш најдобро, посебно по заминувањето на Лукаку, а тимот од Ливерпул се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиерлигата, односно е пред елиминација во Лига Европа, и покрај огромните вложени средства за скапи засилувања изминатото лето.

Го држеше детето во раце и „делеше“ боксови за фудбалерите на Лион (ВИДЕО)

Синоќа се случи инцидент на мечот со Лион кој францускиот тим го доби со 1-2 во третото коло од групата „Е“, а ситуацијата да отиде до таму, во инцидентот учество сакаа да земат и домашните фанови, се „истакна“ еден од нив, и тоа со дете во рацете, па се обидуваше да подели по некои тупаници за гостинските фудбалери.


Премиерлигашот денес излезе со соопштение на својата официјална клупска страна во која наведе дека детално биле прегледани снимките од настанот, а претходно наведениот навивач доби забрана за присуство на „Гудисон Парк“ во домашните натпревари на тимот.