24фудбал

Мечот помеѓу Евертон и Арсенал му донесе голема популарност... (ВИДЕО)

Момче задолжено за топките го привлече вниманието на себе на мини-дербито во Премиерлигата.

Англија

Арсенал го порази Евертон со убедливи 2-5 на гостувањето на „Гудисон Парк“, овој резултат му донесе отказ на Роналд Куман на тимот од Ливерпул, а сепак, еден детал од мечот во Премиерлигата му донесе слава на едно момче.

Станува збор за момче кое беше задолжено за топките и кое седеше крај корнер знаменцето, па во моментите кога Алексис Санчез изведуваше корнер за гостите, тоа се реши да го искористи моментот да се прослави крај малите екрани...