24фудбал

Ди Мариа: Никогаш не сум бил навивач на Реал Мадрид, бев на чекор до Барселона, но...

Аргентинецот отворено призна дека мечтаел да премине во редовите на лутиот ривал на Реал Мадрид.

Шпанија

Анхел Ди Мариа дел од својата кариера ја мина во Реал Мадрид, вкупно четири сезони (2010/14), а тој призна дека било тешко да се реализира трансферот во Барселона, за кој не губел надеж дека ќе се оствари се до последен момент.

Бев толку близу до трансфер во Барселона, но истовремено и далеку. Тешко е да се реализира трансфер помеѓу тие клубови. Не губев надеж дека еден ден тоа ќе се случи, но на крајот не се случи...“ вели Аргентинецот за кого се шпекулираше дека е една од желбите на Каталонците изминатото лето, меѓутоа, наводно ПСЖ не дозволил трансфер на нивниот фудбалер.

Моето минато во Мадрид не беше проблем, јас не сум навивач на Реал Мадрид и секогаш тоа го велев кога некој ќе ме прашаше, јас сум навивач на Росарио и никогаш не би преминал во редовите на Њуелс...“ додаде тој.